Кои сме ние

/Кои сме ние
Кои сме ние2017-03-13T19:28:46+00:00

Кои сме ние

ЕнергијаНова активно работи на развој, дизајнирање и спроведување на мерки и активности кои придонесуваат за справување со последиците од климатските промени и примена на ефективни мерки за енергетска ефикасност.

Изминатите 18 години беа спроведени голем број на активности од оваа област, и со формирање на експертски тим и почеток на Енергија Нова, развиваме стратегија, градиме капацитети и имплементираме активности применувајќи современи методи и техники.

Членови на експертски тим на Енергија Нова

Дарко Спировски

 

Координатор на експертска група Енергија Нова – вработен на универзитет на Југоисточна Европа како раководител на сектор за одржуавање. Дарко Спироски е раководител на експертската група со долгогодишно искуство во развој и имплементација на програми за енергетска ефикасност, развој на климатски акциони планови и други активности.
Сретен Коцески Сретен Коцески е вработен во Здружение институт за развој на заедницата како застапник и има 20 годишно работно искуство во непрофитни организации на програми развиени од домашни и меѓународни меѓувладини организации и институции.

 

Мерита Максути

 

Работно ангажирана на програми  за непрофитни организации и предавач на факултет за архитектура на Државен универзитет во Тетово.

 

Игор Ристовски Работно ангажиран во здружение АДОРА Тетово како раководител на сектор за инфроматичка технологија. Од посебен интерес му се програми за примена на информатичка технологија за енергетска ефикасност.

 

Димче Јанковски

 

Консалтинг услуги за издржливи енергетски набавки по разумни цени за бизнис конзументи со минималнo влијание врз околината. Искуство во PVPP – развој,  мерење и дистрибуција на енергија.
Кирил Ристоски

 

Работно ангажиран во АДОРА-Тетово.
Светлана Сиљјановска Работно ангажирана во ИРЗ-Тетово.